Правни информации




Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на БЕВАНДА или преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
- Доставата се наплаќа во зависност од вредноста направената нарачка;
- Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект;
- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот;
- Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, со испорака низ цела Македонија;
- Празнични денови и викенди не се врши испорака на нарачки и истите денови не влегуваат во пресметката на време за испорака;
- Нарачките кои се направени до 14:00 часот се испорачува во следните 24 часа во работни денови освен на државни празници и неработни денови, а додека порачките нарпавени по 14:00 часот и во петок се испорачуваат во понеделник, броејќи 24 часа во работни денови;
- Нарачките кои се направени по 14:00 часот во тековниот ден на нарачката се испорачуваат за 48 часа во работни денови;
- Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот;
- Производот што ќе биде нарачан може да се плати електронски со картичка.

Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за достава за производи.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.
Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна www.bevanda.mk, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.
БЕВАНДА ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија.

ПРИБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
БЕВАНДА има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, телефон за контакт, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на БЕВАНДА веб-сајтот (достапни преку www.bevanda.mk).
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни побараната нарачка.

Вашите лични податоци ќе се користат во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Податоците кои се собираат, се чуваат на обезбедени сервери и нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
www.bevanda.mk. не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Банките преку кои се спроведува наплатата.

ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме која е сертифицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката. За нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

КОЛАЧИЊА (COOKIES)
БЕВАНДА има право (но не и обврска) на компјутерот на Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња - мали текстуални датотеки кои се зачувани на некоја Интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на Корисникот и дава можност за обновување на информациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува.

Колачињата кои ги користи БЕВАНДА не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.

Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/или пристап до информациите кои се зачувани на терминалниот уред кој го користи Корисникот.

Забраната и/или бришењето на колачињата од страна на Корисникот може целосно или делумно да му оневозможи на Корисникот да пристапи до БЕВАНДА веб-сајтот и/или Услугите, да ги промени или отстрани преференциите што Корисникот претходно ги поставил на веб-сајтот www.bevanda.mk и/или значително да го влоши квалитетот на Услугите, за што БЕВАНДА не презема одговорност.

ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
БЕВАНДА се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица - надлежни органи, компании, поединци и други, освен:
- кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење;
- кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;
- кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на БЕВАНДА;
- кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви информации во согласност со законските процедури и прописи;
- во други случаи утврдени со закон;
БЕВАНДА ДООЕЛ СКОПЈЕ може да ги сподели личните податоци на крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и e-mail пораки.
Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги остава на БЕВАНДА ДООЕЛ СКОПЈЕ.
Крајниот корисник може да промени било кои од своите лични податоци со испраќање на e-mail порака на БЕВАНДА. Во таа e-mail порака крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и e-mail адреса т.е информациите кои што сака да ги надополни.

ПОЛИТИКА ЗА ЛИЦА ПОД 18 ГОДИНИ 
БЕВАНДА веб-сајтот не е наменет за лица под 18 години. БЕВАНДА нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат БЕВАНДА на контакт адресите на БЕВАНДА.

ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
БЕВАНДА го задржува правото за промена и дополнување на Политиката за заштита на лични податоци со цел да ги содржи новите практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот.

КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци.
Можете да не контактирате онлајн на contact@bevanda.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса:БЕВАНДА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје бул. Киро Глигоров бр.4, 1000 Скопје.

1. Користење
www.bevanda.mk, веб-страната може да се користи без никакви трошоци за користењето, а во согласност со овде наведените услови и правила.
Корисниците помлади од 14 години не смеат да ја користат веб-страната на БЕВАНДА.
БЕВАНДА ДООЕЛ Скопје не поседува или одржува информации за никој под 14 години возраст, и веб-страната не е дизајниранa за да привлече некој кој е под 14 годишна возраст.
Со користењето на интернет продавницaтa на www.bevanda.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.
Забранета продажба на алкохолни пијалоци и цигари на лица со возраст под 18 години и на енергетски пијалоци на лица со возраст под 14 години.
Со купувањето на овие производи се изјаснувате дека имате 18 години, односно 14 години и повеќе.

2. Услови Условите за купување на производи преку интернет продавницaтa на БЕВАНДА се дефинирани со следниве параметри: нарачка, плаќање, подготовка, испорака, рекламација.
Испорачателот на производите е Друштво за интернет трговија и услуги БЕВАНДА ДООЕЛ Скопје koj преку своjaтa интернет продавницa овозможува купување на дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.
Kупувач се смета секоe правно и физичко лице кое преку електронски пат ќе нaрача производи од сајтот за е-трговија www.bevanda.mk.
Сите цени се изразени во македонската национална валута (МКД/ден) со вклучен ДДВ.

3. Нарачка
Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот ќе избере, нарача и го изврши плаќањето.
БЕВАНДА ДООЕЛ Скопје се обврзува да ги испорача сите нарачани производи кои за време на испораката ги има во магацин. Доколку не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по можност да го замени производот со друг соодветен или да ги врати уплатените средства.

4. Цени
Цените важат на денот на извршената нарачка и уплата.
Цените на сите производи на веб страницата www.bevanda.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
БЕВАНДА ДООЕЛ Скопје го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена.

5. Подготовка на нарачката
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани.
Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорност по однос на рекламацијата за испорака на производите.

6. Плаќање
Купувачот се обврзува да ја плати сумата за испорачаните производи преку следниов начин на плаќање:
- со платежни картички по електронски пат
- со користење на поени од лојалти програмата
За успешно купување потребно е да го одберете типот на платежната картичка кој го поседувате во полето „Сопственик на картичка„ да се впише Името и Презимето кое се наоѓа на платежната картичка. Во полето „Број на платежна картичка„ да се впише бројот на картичката кој се наоѓа на предната страна и во полето „Датум на истек„ на картичката да се впише датумот на истек на картичката.

7. Испорака
Нарачката ја доставуваме со сопствени возила или доставна служба.
Секој купувач е должен при испорака на производите да ги провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Доколку не сте дома, во Вашата канцеларија, во времето на испораката нашиот доставувач ќе ви телефонира.
Забелешка: БЕВАНДА не гарантира дека ќе може да ви ги испорача производите истиот ден.

8. Има ли доплата за испораката?
Да, доплатата не е фиксна и зависи од износот на самата нарачка.
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на БЕВАНДА ДООЕЛ или преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:
- Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.
- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

9. Враќање/ Рекламација на производи
Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на тел: +38971292548 или писмено преку eмаил contact@bevanda.mk.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
- испорака на производи кои не се нарачани.
- испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба.
- испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот.
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или како ваучер (кредит) за следни купувања доколку купувачот се согласи со тоа.
Во случај да не е во можност да испорача други производи, БЕВАНДА ДООЕЛ Скопје ќе му ја надомести на купувачот вредноста на производите кои не може да му се испорачаат.
Правото за поврат на производите може да се оствари со пополнување на Барање за поврат.
Вратените производи не смеат да бидат употребувани, со оштетени опаковки, налепници и декларации или бандероли....

10. Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користење
БЕВАНДА се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници.
Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците.
Сите лица во БЕВАНДА ДООЕЛ Скопје се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

11. Регистрација За да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го пополните формуларот даден на www.bevanda.mk
Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата.
Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата, должни сте да го ажурирате вашиот профил како би не информирале за настанатите промени.

12. Интелектуална сопственост
Содржината на БЕВАНДА интернет продавницата е заштитена и БЕВАНДА ДООЕЛ СКОПЈЕ го има еднинственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината од www.bevanda.mk мора предходно да добиете одобрение и да контактирате на e-mail: contact@bevanda.mk.

13. Достапност
Иако БЕВАНДА настојува да Ви ја даде најдобрата понудена услуга, не може да гарантира дека услугите на БЕВАНДА ќе одговараат на Вашите потреби.
БЕВАНДА исто така не може да гарантира дека услугите ќе бидат без грешки.
Доколку дојде до било каква грешка или недоразбирање Ве молиме да се јавите на моб. телефон +38971292548 или на contact@bevanda.mk како истата би ја отстраниле во најбрз можен период.
Пристапот до БЕВАНДА понекогаш може да биде ограничен поради работа и одржување на истиот или воведување на нови содржини.

БЕВАНДА ДООЕЛ Скопје го задржува правото на измена на овие услови и правила без претходна најава. Сите промени се применуваат на користењето на БЕВАНДА.mk веб страната.
Доколку не се сложувате со наведените правила на користење или не сакате да ги прифатите, Ве молиме да не контактирате со своите забелешки.
За тоа време Ве молиме да не ги користите уcлугите на нашата интернет продавница на веб страната www.bevanda.mk.

Што претставува БЕВАНДА ЛОЈАЛНАТА ПРОГРАМА?
БЕВАНДА е лојална програма наменета за добивање награди и привилегии на потрошувачите на БЕВАНДА. Како членови на БЕВАНДА КЛУБ-от, со секое купување на нашиот сајт добивате поени кои ви обезбедуваат многу поволности.
Клубот БЕВАНДА е единствената програма за лојалност која ви нуди ексклузивни понуди, неверојатни промоции, подароци и привилегии во БЕВАНДА.

ПРИВИЛЕГИИ ВО КЛУБОТ БЕВАНДА:

ДОБИВАТЕ ПОВЕЌЕ ПРИ КУПУВАЊЕТО
Купување на производи со определениот попуст кој се засметува во бодови кои можат да се употребат при пазарењето со следната нарачка на сајтот БЕВАНДА.
Со секоја следна нарачка и купување на производи од асортиманот на БЕВАНДА добивате поени кои се дополнителен попуст за следната нарачка.
Воедно БЕВАНДА дава и можност за купување на рати со кредитните картички на Стопанска Банка АД Скопје.
Посебни привилегии за најлојалните членови на клубот:
Како најлојални купувачи, во БЕВАНДА КЛУБ-от ќе уживате во посебни привилегии, награди и бројни изненадувања кои ги подготвуваме единствено за вас!

Како да станете член на БЕВАНДА КЛУБОТ?
За да станете член на БЕВАНДА КЛУБОТ треба да се регистрирате на сајтот на БЕВАНДА каде ќе го оформите вашиот кориснички профил.
Корисничкиот профил е само ваш и податоците внесени во него се ваша одговорност.
Согласно извршените нарачки ќе имате прегледност за целиот проток на информаии и нарачани производи преку вашиот профил, како и собирањето на бодови согласно лојалната програма на БЕВАНДА КЛУБОТ.

Како се собираат бодовите за БЕВАНДА КЛУБОТ?
Секој член-купувач во зависност од направени нарачки и купување се стекнува со право на одредено членство во лојалната програма и тоа врз основа на направен промет во текот на 12 месеци.

БЕВАНДА ЛОЈАЛИТИ КЛУБОТ располага со три вида на членство:

GASTRONOME – се членови кои врз основа на извршена прва нарачка се стекнуваат со одредени бенефити и поени во лојалната програма.
Овој тип на членство обезбедува:
- бесплатна испорака на секоја нарачка со износ поголем од 1,500 денари,
- дополнителен 1% попуст во поени.

SPECIALIST – се членови кои имаат направено нарачки од сајтот на БЕВАНДА во вкупен износ од 15.000,00 денари за една година, 12 месеци.
Овој тип на членство обезбедува:
- бесплатна испорака на секоја нарачка со износ поголем од 1,500 денари,
- дополнителен 2% попуст во поени,
- дополнителен попуст од 10% на ДОДАТОЦИ во поени,
- учевство во сите настани организирани од лојалити програмата на БЕВАНДА КЛУБОТ.

MASTER - се членови кои имаат направено нарачки од сајтот на БЕВАНДА во вкупен износ од 30.000,00 денари за една календарска година, 12 месеци.
Овој тип на членство обезбедува:
- бесплатна испорака на секоја нарачка со износ поголем од 1,500 денари,
- дополнителен 3% попуст во поени,
- дополнителен попуст од 10% на ДОДАТОЦИ во поени,
- дополнителен попуст од 10% при нарачка на машина за кафе,
- гратис сет од 2 шољи/чаши секоја година,
- учевство во сите настани организирани од лојалити програмата на БЕВАНДА КЛУБОТ.

За да станете членови, единствено што треба да направите е да се регистрирате на нашиот сајт и да ја направите вашата прва нарачка на еден од нашите производи.
- Состојбата на вашите собрани поени може да ја проверите на вашиот кориснички профил на нашиот сајт.
- Ако имате проблем со користење на поените и нејаснотии за лојалити програмата на БЕВАНДА КЛУБОТ, или ви требаат други информации за лојалната програма, ве молиме јавете се на нашиот телефонски број за грижа на корисници +38971292548 или на contact@bevanda.mk.

Nespresso® компатибилни капсули
Нашите брендови користат "Дијамантска" самоосигурена капсула која е дизајнирана да функционира оптимално во сите машини Nespresso® *. Тоа е иновативна хидраулика и овозможува да кафето се користи рамномерно и постојано. Понатаму, поради неговата специјална бариера и конфигурација во комбинација со специфични пластични материјали, може да гарантира рок на траење од околу 24 месеци.
Капсулите од брендовите кои го продаваме се комплетно компатибилни со сите Nespresso® апарати за подготовка на кафе-еспресо.
Трговската марка Nespresso® не е во сопственост на БЕВАНДА ДООЕЛ ниту на компании поврзани со него.

Dolce Gusto® компатибилни капсули
Нашите брендови користат "Дијамантска" самоосигурена капсула која е дизајнирана да функционира оптимално во сите машини Dolce Gusto®. Тоа е иновативна хидраулика и овозможува да кафето се користи рамномерно и постојано. Понатаму, поради неговата специјална бариера и конфигурација во комбинација со специфични пластични материјали, може да гарантира рок на траење од околу 24 месеци.
Капсулите од брендовите кои го продаваме се комплетно компатибилни со сите Dolce Gusto® апарати за подготовка на кафе-еспресо.
Трговската марка Dolce Gusto® не е во сопственост на БЕВАНДА ДООЕЛ ниту на компании поврзани со него.



Кошничка Bevanda
Вашата кошничка е празна Потврди нарачка Испразни кошничка